Loading Video...
Фудбал
10. April 2020 - 13:25

ФК Академија Пандев со донација во Здравствениот Дом во Струмица

 
Последна во низата донации кои треба на некој начин да им ја олесни работата на здравствените работници е онаа на ФК Академија Пандев.
 
Членовите на клубот го следеа примерот на капитенот на македонската репрезентација  Горан Пандев кој минатата седмица донираше пари за Здравствениот  Дом во Струмица, па сега и останатите од академијата на Пандев даваат свој придонес со донација. 
 
„Со овој гест сакаме да им помогнеме и да им се заблагодариме на лекарите и медицинскиот персонал за професионалноста и вложениот труд“ истакнуваат на Академија Пандев. 
 
Донацијата ја потвдија и од Здравствениот дом истакнувајќи дека, токму ваквите хумани донации им подаваат рака на здравствените работници, за полесно да излезат како победници во битката со Ковид-19.
 
 „Вашата хуманост не се заборава “ потенцираат од Здравствениот Дом во Струмица.