Физички нападнат пратеникот Горан Милевски
Пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски вчера попладне физичи бил нападнат на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Инцидентот го потврди и Министерството за внатрешни работи.
- Во 16:30 часот Г.М. во полицијата пријави дека додека се движел по плоштадот Македонија бил нападнат од едно лице, информираат од МВР.
Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
Во изјава за медиуми Милевски вели дека додека се движел по плоштадот непознато лице се доближило до него и почнало да го удира со тупаници по главата.
- Успеа да ме удри неколку пати по што го оттргнав од себе. Присебноста не ми дозволи да му возвратам во тој момент и добро е што избега, бидејќи не знам како ќе завршеше целиот настан, вели Милевски.
Лидерот на ЛДП посочува дека целиот настан се случил многу брзо и без никаков повод.
Милевски добил телесни повреди по што отишол во болница, а случајот го пријавил и во полиција. Оттаму го потврдуваат настанот
Ново на Сител
-
Бизнисот верува во кандидатурата на Ѓорѓиевски за Скопје – Вреди најавува свој кандидат за главниот град
-
СДСМ: Режимски прогон против нашите градоначалници
-
Граѓански иницијативи се здружуваат во партија за учество на локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Нормално е да растат цените, вели министерот за економија - Мерки нема да има
-
Потпишување договори за проекти за канализациона мрежа, водовод и програма за води со општините
-
Владата ќе откупи 9000 тони пченица од индивидуалните земјоделци за стоковите разерви
-
Во Струмица доделени 21 стан на семејства во социјален ризик