Фирмата што кажала дека Сноуден може да работи за ЦИА ќе плати казна од 30 милиони долари

Најголемата американска приватна компанија за проверка на кандидатите за работа во државните институции - „УС инвестигејшн сервисис“, на американските власти ќе им исплати обештетување од 30 милиони долари по тужбата за неквалитетна работа, пренесе ТАСС.
Министерството за правда во средата ја информира јавноста дека од минатата година ја суди фирмата бидејќи „УС инвестигејшн сервисис“ недоволно внимателно ги проучила биографиите и другите податоци на лицата кои барале работа во државните институции во периодот од март 2008 до септември 2012 година.
Компанијата, која работи според договор со Владата на САД, од 1996 година земала просечно по 2.500 долари за проучување на секој кандидат за државна работа. Според министерството, фирмата, меѓутоа, користела компјутерска програма што само имитирала квалитетни проверки.
„УС инвестигејшн сервисис“ стана позната бидејќи го проучила и досието на Едвард Сноуден, пред тој да почне со работа во ЦИА, а, исто така, и резервистот од американските военопоморски сили, Арон Алексис, кој во 2013 година уби 13 лица во американската воена база Нејви Јард во Вашингтон, напомена ТАСС
Ново на Сител
-

Брош со дијаманти изгубен од Наполеон - продаден за скоро 3,8 милиони евра
-

Осум поранешни функционери од Општина Сарај и Град Скопје ќе одговараат за злоупотреба на службената положба
-

Фон дер Лајен најави исплата на шест милијарди евра поддршка за Украина
-

Дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 16 ноември
-

Собраниска делегација ќе положи цвеќе по повод 81 година од ослободувањето на Скопје
-

Општина Крива Паланка најтранспарентна локална самоуправа во државата
-

Најмалку 37 лица загинаа во Перу откако автобус падна во бездна длабока 200 метри
-

Приведени две лица во Валандово за управување возило под дејство на алкохол и за поседување дрога
