Финска стартува програма за исплата на „плати“ на невработените
Финска започна со реализација на експериментална програма со кој се предвидува на секој невработен Финец да ми се исплатува надомест во висина од минималната месечна плата од 560 евра.
Целта на овој социјален експеримент е намалување на државната бирократија и на сиромаштијта, како и зголемување на вработеноста.
Финска е прва држава во Европа која воведува ваков пилот-проект, кој би требало да трае две години.
Во рамки на овој проект на 2.000 случајно избрани невработени Финци веќе им е исплатен надоместот во висина од 560 евра.
Директорката на владината Агенција за социјални прашања. Марјука Туринен изјави дека во рамки на проектот пари ќе добиваат сите невработени „без разлика на се“.
- Можат да останат дома и да лежат на своите каучи и да не работат ништо доколку им е доволеа овој основен надомест. Но, можат и да се вработат со скратено работно време или да иницираат сопствен бизнис, изјави Туринен.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?