Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море
Тројца офицери од танкерот „Игл С“ се обвинети во Финска под сомнение за оштетување на неколку подморски кабли во Балтичкото Море на крајот од 2024 година, јави ДПА.
Финското јавно обвинителство денеска објави дека капетанот, првиот офицер и вториот офицер на „Игл С“ се обвинети за сериозна штета на имотот и сериозно прекинување на комуникациската опрема.
Оттаму наведуваат дека обвинетите ги негираат обвинувањата, појаснува германската агенција.
На Божиќ 2024 година, откриено е оштетување на подморскиот кабел за напојување „Естлинк 2“ што води помеѓу Финска и Естонија, како и на неколку комуникациски кабли.
Истражителите се сомневаат дека екипажот на „Игл С“ намерно ја предизвикал штетата влечејќи го сидрото по морското дно зад танкерот. За време на истрагата, на морското дно биле откриени трага долга еден километар од влечење на сидрото на бродот.
ЕУ верува дека „Игл С“, што плови под знамето на Куковите Острови, припаѓа на таканаречената руска флота во сенка. Оваа флота ја сочинуваат танкери и други товарни бродови што Русија ги користи за да ги заобиколи санкциите воведени врз земјата како резултат на нејзината агресивна војна против Украина, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-
ЦУК: Еден активен пожар, два под контрола, вкупно 24 изгаснати пожари
-
Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје
-
Во Еквадор запленет експлозивен материјал наменет за терористички акти во Колумбија
-
Дел од населба Аеродром денеска без струја
-
Сончево со температура до 32 степена
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството