Финска ќе испрати оружје во Украина
Финска ќе испрати 1.500 проектили, 2.500 јуришни пушки, 150.000 парчиња муниција и 70.000 воени оброци, соопшти денеска финската Влада.
– Ситуацијата во Украина е исклучително тешка поради рускиот воен напад и има итна потреба од одбранбен материјал, се наведува во соопштението.
Хелсинки вчера објави дека ќе испрати во Украина панцири, композитни шлемови и опрема за прва помош.
Финската премиерка Сана Марин претходно истакна дека земјата донела „историска“ одлука да и испорача оружје на Украина по руската инвазија на нејзиниот прозападен сосед.
– Финска ќе обезбеди воена помош за Украина. Тоа е историска одлука за Финска, изјави Марин на прес-конференција.
Поголемиот дел од Финците сега се за влез во НАТО, според анкетата објавена денеска што се толкува како историска промена во ставот и голема промена во споредба со пред само неколку месеци.
Ново на Сител
-

Ван Дајк: Ливерпул мора да заврши меѓу првите осум во ЛШ
-

Македонија заостанува во однос на е-тровијата со вештачка интелигенција
-

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет
-

Во текот на денешниот ден се очекува да се повлечат тракторите од граничниот премин Евзони
-

Во Русија веќе постоен лек за лекување хепатитис Б може да се користи и за лекување на ракот
-

Претрес во Штип, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице
-

Од идниот месец во Србија се зголемуваат надоместоците за невработеност
-

Герапетритис: Грција изразува резервираност во однос на Одборот за мир на Трамп и е во консултации со ЕУ
