Финска ќе гласа за закон кој го забрзува патот кон НАТО
Финските пратеници попладне ќе гласаат за закон кој ќе и овозможи на нивната земја да го забрза процесот на пристапување во НАТО.
Доколку овој закон биде усвоен, Финска може брзо да реагира дури и ако очекуваните ратификации од Турција и Унгарија дојдат во момент кога таа сè уште нема да има формирана влада по парламентарните избори во април, пренесува „Гардијан“.
Се очекува овој закон да биде изгласан без никакви проблеми.
Финскиот претседател Саули Ниинисто минатата недела изјави дека ќе го потпише овој закон, но дека тоа „од практични причини“ може да почека до изборите во април.
Усвојувањето на овој закон не значи дека Финска автоматски ќе влезе во НАТО кога Турција и Унгарија ќе го ратификуваат нејзиниот прием во оваа организација, но донесува краен рок до кога Финска ќе чека на соседна Шведска истовремено да влезат во НАТО.
Ново на Сител
-

Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
-

Како „Тикток“ и „Фејсбук“ го менуваат мозокот?
-

Државно финале на „Плазма - Спортските игри“: 600 млади се борат за пласман во Сплит
-

Дуња Иванова со највисок светски ранг во македонскиот велосипедизам
