-->
-->
Финска ја укина обврската за носење маски во јавниот превоз
-->
Обврската за носење маски во јавниот превоз во Финска од денеска е укината. Патниците во возовите во земјата и во јавниот превоз во Хелсинки отсега можат да патуваат без маски, соопштија од железничкиот оператор ВР и компанијата ХСЛ, која управува со јавниот превоз во главниот град.
Условот за носење маски беше на сила од март годинава.
„Со отворањето на јавноста и отстранувањето на ограничувањата, ВР одлучи од 25 октомври да се префрли од барањето за носење маски на препораката за носење маски во сите возови на долги релации и за градските возови“, се наведува во соопштението од ВР.
Патниците сега ќе можат сами да одлучат дали ќе носат маски додека патуваат.
Мислењето на клиентите се промени, наведуваат од компаниите. Според истражувањето на клиентите спроведено во септември, само 43 отсто од патниците сакале да користат маска за лице, во споредба со 58 отсто во август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија