Финансиската полиција со кривична пријава против лице осомничено за фалсификување исправа и за измама
– Управата за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно лице, во својство на ко-сопственик и управител на Друштво за техничка контрола и сертификација Еуро Церт ДОО увоз – извоз Скопје, во ликвидација поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела Фалсификување исправа по член 378 став 1 и Измама по член 247 став 1 а вв ст 4 вв со член 45 од Кривичниот Законик на РСМ.
Пријавениот, искористувајќи ист траен однос и прилики од 2017 година до 2021 година, во Скопје, соопштија денеска од Управата за финансиска полиција, изготвил лажни сертификати за ISO Стандарди 9001:2015 Ситем со управување со квалитет, 14001:2015 Систем за заштита на животната средина и 45001:2018 Систем за заштита на здравје и безбедност при работа, со намера за себе да се стекне со противправна имотна корист, доведувајќи во заблуда повеќе правни лица со лажно прикажување како да се вистински.
– Истиот бил свесен и знаел дека соработката со странското правно лице му е прекината и при изготвувањето на горенаведените сертификати го користел логото на странското правно лице се со цел да се стекне со противправна имотна корист. Пријавениот знаел и бил свесен дека изготвените Сертификати за ISO Стандарди се лажни и со невистинита содржина, ги дал на повеќе правни субјекти за да ги употребат како вистински, за што со ваквите превземени дејствија пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во значителна вредност, во вкупен износ од 6.179.272 денари, се појаснува во соопштението од Управата за финансиска полиција.
Ново на Сител
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
