Финансиска поддршка за 42 проекти од културата во Гевгелија
Со 4 милиони денари буџетски пари, општина Гевгелија годинава ќе подржи 42 културни програми, проекти и манифестации за кои аплицираа повеќе здруженија на граѓани, културни институции и невладини организации.
Меѓу оние кои и годинава ќе бидат финансирани од општинскиот буџет се наоѓаат културните манифестации кои на некој начин станаа гевгелиски бренд. На списокот се наоѓаат фестивалот на смоквата „Смоквијада“, фолклорната манифестација „Распена чаршија“, меѓународниот натпревар за млади пијанисти, меморијалниот „СРВ фест“ и многу други манифестации за кои зелено светло дадоа општинските советници.
Општински пари ќе бидат издвоени за активностите на неколку фолклорни друштва, за училишни драмски секции за градскиот хор „Гортинија“ и детски музички фестивали, а финансиска поддршка ќе добијат и неколку ликовни уметници за организирање самостојни изложби.
Програмата за финансиска подршка на културните проекти и манифестации несомнено гарантира дека општина Гевгелија годинава ќе има богат културен живот.
Ново на Сител
-
ДЗС: За 15 проценти помалку сместени ученици и студенти во интернатите и домовите
-
Две екипи на ТППЕ Куманово уште го гасат пожарот на улицата „Инудстриска“ во Куманово
-
Сашко Кедев е првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри
-
Едно и полгодишно дете паднало во базен во прилепско, пронајдено бесвест од неговите родители
-
Почнува реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
-
Автобус на ЈСП се запалил во движење, го изгасил возачот но завршил во болница
-
Струга ќе добие Центар за аутизам, третманите ќе бидат бесплатни
-
Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница