Финансиска поддршка од Македонска Каменица за детската градинка „Бамби“
Општина Македонска Каменица за потребите на детската градинка „Бамби“, а во рамки на едукативните проекти на општината, ќе финансира вработување со полно работно време на наставници по физичко, англиски јазик и логопед.
Како што истакна денеска на прес-конференција градоначалникот Дарко Митевски, општината ги следи трендовите за современа едукација на децата од најмала возраст.
- И оваа година планиравме финансиски средства коишто ќе бидат доделени на детската градинка за ангажирање наставен кадар кој ќе работи со дечињата. Со полно работно време ќе ангажираме професор по физичко образование, кој ќе работи со сите деца, професор по англсики јазик кој ќе работи со поголемите групи, но и логопедот кој досега беше анагажиран со скратено работно време, а сега неговото присуство во градинката ќе биде 40 часа неделно што ќе овозможи подобра работа со дечињата кои имаат проблеми со говорот, истакна Митевски.
Тој додаде дека овие активности се со цел да се овозможи посовремен и поуспешен ран детски развој. - А со тоа придонесуваме да се зголеми и бројот на дечињата во детската градинка. Исто така, ќе го субвенционираме и превозот на децата од селските средини, сѐ со цел, да дојдат дечињата една година пред тргнување на училиште во градинката, за да се адаптираат на оваа социјална средина, истакна Митевски.
Тој најави дека продолжува и поддршката на основното образование, каде општината го финансира целодневниот престој на дечињата и каде е обезбедена бесплатна исхрана за учениците кои доаѓаат од социјално загрозени семејства.
Ново на Сител
-
Мицкоски: На сите им е јасно дека реформите во судството се сведуваат на зголемување на платите на судиите и обвинителите
-
Мицкоски: Растот на платите покажа дека тезата на СДСМ не држи вода
-
Корупцијата и организираниот криминал имаат силно влијание врз независното функционирање на институциите и државата
-
Водостојот на Охридското езеро продолжува да опаѓа
-
Преглед на вестите од светот
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина