Финализираат реформите за полноправно членство во НАТО
Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО, на вчерашната седница со која претседаваше премиерот Зоран Заев, расправал за статусот и напредокот на реформите на безбедносните служби.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, на седницата пред членовите на Комитетот, директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, информирал за интензитетот на активностите и системските решенија преземени за структуирање на новоформираната Агенција (АНБ), следејќи ги критериумите и стандардите на Северноатлантската Алијанса.
-Беа разгледани и начините за воспоставување на безбедносна комуникација со НАТО и разгледани можности за обезбедување просторно решение за постојаната мисија на нашата земја како полноправна членка на НАТО, стои во соопштението.
На седницата, членовите на Комитетот разговарале и за одделни прашања кои се однесуваат на остварување на дадената рамка за продолжување на домашните реформи, како и за текот на досегашната ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на земјите-членки.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес