Филмските работници незадоволни од предлог буџетот за филм
Независни филмски автори и продуценти, слободни филмски работници денеска напладне протестираа пред Министерството за култура незадоволни од тоа што во предлог-буџетот за култура за следната година се кратат средствата наменети за филм.
Во нивниот проглас истакнаа дека насекаде во светот филмот и аудиовоиузелните уметности доживуваат експанзија, буџетите за филм постојано се зголемуваат, продукцијата е повеќекратно зголемена, нагласувајќи дека филмот е најуспешниот извозен културен производ на Македонија и дека меѓународниот успех на македонската култура во најголема мера му припаѓа на филмот.
- Во последниве две децении во Македонија се гради независната филмска продукција по европски терк и ние со забрзани чекори се интегрираме во европското филмско семејство. Кратењето на средствата за филм, во време кога државниот буџет и буџетот за култура се зголемуваат, а Агенцијата за филм се гуши во наследени долгови, значи директен удар кон и онака кревката македонска филмска продукција. Аргументациите дека и со помалку пари се прават добри филмови се точни, но само како исклучок, а не како правило. Аргументациите дека се давале пари, а филмовите биле лоши се точни, но за едни други времиња, во кои доделувањето на средствата многу често беше политичка одлука. Зарем не се боревме сите заедно против таквото општество?, наведуваат филмските работници во прогласот што беше прочитан Министерството за култура.
Тие бараат од Министерството да ја преиспита оваа одлука убедени, како што велат, дека при донесување на конечната одлука околу ставката во буџетот која се однесува на филмската дејност, ќе ги земат предвид сите фактори - европските искуства и стандарди, а најмногу од се тенденцијата за развој и напредок на македонската кинематографија, актуелните генерации филмски творци и оние кои доаѓаат
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?