Филмскиот фестивал за млади Џифони патува во Берово

На патувачкиот дел на Филмскиот фестивал за млади „Џифони во помалите градови од Македонија“, денеска и утре пред ученици од Берово ќе бидат прикажани италијанскиот филм „Девојка во лет“ и холандскиот филм „Малиот ганстер“.
Во Бизнис центарот во Берово, учениците ќе дебатираат под модераторство на актерката Нина Максимова. Креативноста ќе ја надградуваат под менторство на Зорица Нушева во актерската работилница, со Роберт Јанкуловски на работилницата за фотографија и Моника Мотеска на ликовната работилница.
Преку филмската програма, дебатите и креативните активности, тимот на фестивалот „Џифони Македонија“ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање.
Ќе бидат прикажани и кратки видеа од последните изданија на фестивалите „Giffoni Experience“ од Италија и Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, со цел приближување на брендот „Џифони’’ кон младите во Берово.
Фестивалската програма Џифони Македонија патува се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија и Фестивалот Џифони Експириенс од Италија, во соработка со Општина Берово и италијанската Амбасада во Скопје.
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
