Балкан
18. November 2025 - 8:04

Филмски грабеж во Србија: 2 милиони евра украдени од возило за транспорт на државни пари

Возило за транспорт на пари, во кое имало два милиони евра државни пари, било ограбено вчера попладнево во близина на Рашка, а пронајдено е во близина на Нови Пазар, јавија белградски медиуми.

Ограбувачите биле маскирани и вооружени, го пресретнале возилото што ги транспортирало парите, насилно го одзеле и избегале.

Во тој инцидент нема повредени, а според неофицијални информации на белградски медиуми, во возилото имало околу 2 милиони евра. Засега нема официјално соопштение од МВР на Србија.

 

МИА