Филмската легенда Лазар Ристовски ќе го глуми Цар Самоил

Харизматичниот српски глумец со македонско потекло Лазар Ристовски ќе ја толкува улогата на Цар Самоил, во епскиот филм што ќе го режира нашиот познат режисер Антонио Митриќески.
Ристовски, кој по татко е Македонец родум од Мариово, денеска на прес-конференција во Охрид, каде присуствува на Првиот меѓународен фестивал на ангажиран филм, истакна дека прифатил да ја толкува главната улога во новиот филм чие снимање беше најавено уште пред две години, кога беше одбележана 1000-годишнината од смртта на основоположникот на првото средновековно македонско царство.
- Најголем предизвик е да се толкува улога на лик кој не е наш современик, односно за кого не постојат снимки, фотографии. Тоа е вистинската возбуда за секој актер, а бидејќи ова ќе биде прв филм за царот Самоил, мене ќе ми припадне таа чест визуализацијата за неговиот лик да се идентификува преку мене, барем додека не се сними друг филм за него, рече Ристовски.
Филмот посветен на Цар Самоил, во кој ќе се разработува драмата и конфликтот меѓу него и византискиот император Василие Втори, неговиот однос со многу ликови од неговото семејство, но и вистинските предавства од страна на Иван Владислав и луѓе од неговото најблиско опкружување, ќе се снима на Самоиловата тврдина во Охрид и на локации на планината Галичица меѓу Охридското и Преспанското Езеро.
Независно различните толкувања, историските податоци за животот на Цар Самил, неговата тврдина и артефактите од тој историски период покажуваат дека Охрид бил главен административен и духовен центар на неговото средновековно царство. Крунисувањето за цар според многубројни познавачи на тој историски период, било извршено на свеченост на крајот на 10 и почеток на 11 век во царската престолнина во Преспа, а македонската престолнина и патријаршкиот престол од Преспа биле преместени токму во Охрид. Новите научни сознанија покажуваат дека тој го основал македонското средновековно царство и не случајно Охрид го избрал за негово седиште.
Ново на Сител
-

Светски мегдан за македонската кикбокс сениорска репрезентација
-

Кој стои зад обидите да се изигра спортската јавност? Кикбокс Маитаи федерацијата со жесток одговор
-

Астрономски цени на недвижности во Србија - 10.000 евра за квадрат во „Белград на вода“, гаражно место 66.000 евра
-

Изминатите четири дена приведени седум лица за безобзирно управување на возило, 2415 сообраќајни прекршоци
-

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната
-

Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка
-

Британија открива мрежи за перење пари кои ја поврзуваат земјата со Русија
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана
