Филмот „Златна петорка“ премиерно во САД
Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ на Горан Тренчовски влезе во официјалната селекција на 36-то издание на Интернационалниот филмски фестивал во Њу Џерси од вкупно пријавените 367 филмови од цел свет.
Американската премиера филмот ќе ја има на 22 септември, а на покана од организаторот, режисерот Тренчовски ќе оствари средба со студенти и професори на Универзитетот Ратгерс во Њу Брансвик, а продуцентот Дејан Милошевски ќе преговара со потенцијални дистрибутери на филмот за САД.
На 8 септември филмот ќе се прикаже на Централно - европскиот филмски фестивал во Темишвар, Романија, на 19 септември на Фестивалот на филмската режија во Лесковац, а потврдени се и селекциите на фестивали во Полска, Чешка и Русија.
Филмот „Златна петорка“ досега е селектиран на 20-тина филмски фестивали, има освоено пет интернационални награди и е најгледан филм во Македонија во изминатата сезона.
Ново на Сител
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%