Филмот „Вања-со маки сум се родила“ на фестивал во Лос Анџелес
Македонскиот документарен филм „Вања-со маки сум се родила“, посветен на легендарната Вања Лазарова е примен во официјалната програма на Star Doc Film Festival (Documentary Films), што ќе се одржи од 25 до 27 март годинава во Лос Анџелес.
На овој реномиран фестивал ќе бидат прикажани филмови од цел свет, селектирани во 19 категории. Македонскиот филм е пласиран во категоријата за најдобар музички документарец.
Автор на филмот е долгогодишниот менаџер на Лазарова и издавач Иво Јанкоски, режисер е Синиша Ефтимов, а филмот е во продукција Медиа Броудкастинг од Скопје.
Ова е негово четврто претставување на меѓународни филмски фестивали по трите претходни на интернационалните фестивали: All Seas Film Festival, Roma Cinema DOC и London Shows International Film Festival.
Ново на Сител
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат
-
Преглед на вестите од светот