Филмот „Татко“ се натпреварува за главната награда на Фестивалот во Карлови Вари
Играниот филм „Татко“ - копродукција меѓу Германија, Косово, Македонија и Франција, вчера ја имаше својата Интернационална премиера во Карлови Вари, на еден од најпрестижните фестивали во Централна и Источна Европа.
Како филм во официјалната селекција на јубилејниот 50. Интернационален филмски фестивал во Карлови Вари, „Татко“ се натпреварува за главната награда Кристален Глобус. Фестивалската публика ќе има можност да го гледа „Татко“ на проекциите закажани за денеска и утре.
„Татко“ ја имаше својата светска премиера на 28 јуни во рамки на 33. Филмски Фестивал во Минхен. Во конкуренција со уште 17 други наслови во натпреварувачката програма New German Cinema, „Татко“ доби три од вкупно четирите New German Cinema Talent награди и тоа: најдобар режисер и најдобар сценарист на Висар Морина, на кого ова му е првиот долгометражен игран филм и најдобар актер на Вал Малоку и Астрит Кабаши.
„Татко“ ја понесе и наградата One Future Prize, која од 1986 година ја доделува Lutheran Interfilm Academy Munich, за филм кој, етички и естетски, покажува дека светот има една заедничка иднина.
Филмот се снимаше во 2014 година, на локации во Германија и Македонија. Скопје Филм Студио е македонската продукциска куќа која во реализацијата на овој проект соработуваше со тим од искусни филмски професионалци од Македонија, меѓу кои Никола Мадиќ, Дејан Крајчевски, Игор Поповски, Владимир Павловски, како и актерот Џевдет Јашари, кој толкува една од улогите во филмот.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера