Филипче: Завршниот извештај за смртта на родилката од Свети Николе го очекуваме идната недела
Се подготвува единствен извештај за причините за смртта на 28-годишната родилка од Свети Николе, која почина во штипската Клиничка болница пред повеќе од еден месец, информираше вчера во штип министерот за здравство Венко Филипче.
Соопшти дека се изготвени извештаите од комисијата која ја формираше Министерството за здравство и наодите од Судска медицина.
- Комисијата работи на еден единствен извештај, којшто ќе произлезе и од увидот и од извештајот од Институтот за судска медицина. Се чекаше затоа што дел од комисијата користеа годишни одмори, сега веќе работи комисијата. Верувам дека следната недела ќе го имаме завршниот извештај, рече Филипче.
Дваесет и осумгодишната родилка Маја Паневска од Свети Николе почина минатиот месец на акушерското одделение во Клиничка болница-Штип откако роди здраво машко дете. Паневска била прворотка и имала нормална бременост.
Завршниот извештај треба да даде одговор за причината за смртта, кој го чека и нејзиното семејство
Ново на Сител
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ