Филипче: Воведовме нов метод за лекување на пациенти со мозочно крвавење
На Универзитетската клиника за Неврохирургија е воведена нова метода во лекување на пациенти со мозочно крвавење, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на „Фејсбук“.
– Утрово на УК за Неврохирургија, воведовме нова метода во лекување на пациенти со мозочно крвавење. Операцијата ја направивме со новиот иновативен уред-дволуменски систем кој истовремено овозможува следење на интракранијалниот притисок, испирање на коморниот систем на мозокот и дренажа на цереброспиналната течност, посочи Филипче.

Овој систем, како што наведува, веќе континуирано се употребува во секојдневната клиничка пракса во неколку земји во светот како САД, Германија, Португалија и Холандија.

-Од денеска овој иновативен уред се става во континуирана употреба и на Клиниката за Неврохирургија, а ние сме единствена земја во Југоисточна Европа каде ќе се врши оваа метода, наведува министерот за здравство.
Во операцијата, како што посочува, на Филипче му асистирале неговите колеги неврохирурзи д-р Владимир Рендевски, директор на Клиниката и д-р Благој Шунтов.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
