Филипче верува во консензус за законските измени за лекувањето на ковид-пациенти во приватните болници

Министерот за здравство Венко Филипче верува дека ќе има консензус од сите политички партии во Собрание во однос на измените Законот за здравствена заштита, со кој ќе се регулираат цените во приватните болници за хостпитализација на болните од Ковид-19.
Измените помина на владина седница завчера, а со нив се дава законско овластување на Владата да определува највисоки цени во приватните болници во висина на референтните цени утврдени од страна на Фондот за здравствено осигурување, со цел услугите на приватните клиники да бидат економски подостапни за граѓаните.
-Искрено верувам дека ќе има консензус за ваков закон во Собранието и дека сите пратеници од сите пратенички групи ќе покажат конструктивност затоа што станува збор за закон во интерес на граѓаните во услови на пандемија, изјави денеска Филипче одговараќи на новинарско прашање.
Во врска со барањата на опозицијата да се рефундираат парите на оние кои се лекувале од Ковид-19 во приватните болници, Филипче напомена дека тоа нема да се случи и додаде дека сите кои се одлучиле на такво лекување го правеле по своја волја, а не затоа што немало место во државните клиники.
-Мора јасно да се знаат неколку работи. Сите пациенти кои досега се лекувале во приватните болници, тоа го правеле по своја волја. Нема ниту пациент на кој му било потребно болничко лекување, а бил пратен во приватна болница затоа што немало место во државните. Места има и сега, имаше и во целокупниот изминат период на менаџирање на кризата. Имаше сосема доволен број слободни болнички кревети, согласно планот за реорганизација и системот на секојдневно менаџирање, истакна министерот за здравство.
Измените на Законот за здравствена заштита, предвидуваат и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата и се забранува преземање на здравствените работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании. Предвидени се и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
