Филипче: Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за корона вирус во нашата држава
Министерот за здравство Венко Филипче на одговор на новинарско прашање за состојбата со Корона вирусот во Кина и поставената термо-камера на скопскиот аеродром, истакна дека системот е веќе воспоставен.
„Кај нас стигнуваат авиони од Истанбул и Дубаи, за утрово имаме информација дека авионот од Истанбул бил откажан, односно пролонгиран за неколку часа. Системот е веќе воспоставен. Во текот на вчерашниот ден направен е распоред на епидемиолози од Центарот за јавно здравје, и тие ќе бидат присутни за време на скенирањето. Вчера, имавме работен состанок со директорот на ТАВ, излегоа во пресрет тие авиони секогаш да бидат насочени на еден или два излези, кои се многу блиску, од практичен аспект камерата да биде поставена на едно место, доколку треба да се користи собата за изолација“, изјави министерот Филипче.
Доколку се констатира дека некој од патниците има покачена телесна температура првиот чекор е интервју со епидемиолозите дали доаѓал од Кина и дали имал контакт со некои заразени.
„Доколку има таков случај има алгоритам, како се постапува и доколку има таков случај има протокол за излолација, дезинфекција и на авионот и на просториите и соодветен пат којшто е веќе предвиден со тој алгоритам, со посебно возило на Брза помош само за таа цел на Инфективната клиника во Скопје“, рече министерот Филипче.
Во одговор на новинарското прашање, министерот Филипче потенцираше дека однапред и пред скенирањето се знае колку пациенти, потенцијални заразени може да се очекуваат. Ова значи дека има двојна сигурност, и истите тие ќе бидат интервјуирани и ќе се знае како ќе се постапува.
„Секој кој нема директен контакт и не доаѓа од Кина ќе си оди преку преку матичниот лекар, а секој којшто доаѓа и има симптоми ќе се обрати на посебниот телефонски број, кој го има на дистрибуираните флаери од Институтот за јавно здравје. Работата е целосно под контрола и во овој момент не гледам ниту една причина за некаков ризик или паника“, истакна министерот Филипче.
Ново на Сител
-
Заради обезбедување докази за бесправна градба полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода
-
Тошковски: За пожарите досега приведени околку 20 лица, за дел има основани сомненија дека се организирана група
-
Приведен 46-годишен маж од Крушево поради злоупотреба на службена должност
-
Еднонеделен годишен одмор не можат да си дозволат 27 отсто од граѓаните на ЕУ
-
Тошковски: Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите
-
Со докази од Скај комуникација откриен шверц на кокаин
-
Приведен 42-годишен затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово
-
Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат