Филипче: Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, решен е недостигот
Министерот за здравство Венко Филипче смета дека секој граѓанин, секој пациент има право да има пристап до лек во кој било ден од месецот и оти со мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт е решен проблемот со недостигот на лекови.
-Нема да има повеќе ниту паника, ниту турканици, ниту пак ќе има формирање домашни аптеки. Ова е мерка во интерес директно на граѓаните. Конечно се спокојни дека до лек можат да дојдат во која било аптека, кој било ден од месецот. Се рационализира начинот на препишување и се воспоставува контрола. Во Фондот за здравствено осигурување веќе е во тек креирање на стратегија на т.е Electronic Health Record, софтверски систем којшто во себе ги обединува сите јавно-здравствени институции и сите податоци од пациентите во рамките на системот, изјави министерот Филипче во гостувањето во утринската емисија на Сител телевизија
Филипче најави неколку мерки кои, како што рече, значително ќе го зајакнат здравствениот систем.
-Следат уште неколку мерки, како менување на позитивната листа на лекови и надополнување на листата со модерни лекови. Таа досега не е сменета повеќе од 10 години. Значи не само што обезбедуваме пристап до терапија, во следниот период значајно ќе го подобриме и квалитетот на лековите коишто се нудат, потенцираше министерот Филипче.
Тој, како што информира Министерството за здравство, истакна дека граѓаните заслужуваат да имаат една модерна институција во коишто ќе бидат пружени здравствени услуги.
-Се реновираа повеќе оддели. Одделите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, операционите сали на Клиниката за ортопедија, интензивната нега на Клиниката за неврохирургија, каде што лежат најтешките пациенти од цела држава. Се реновираше и Клиниката за хематологија, се пушти во употреба Ургентниот центар во Куманово. Продолжуваме со работа на крилото во струмичката болница, а реконструкцијата во болницата „Св. Еразмо“ е при самиот крај. Во 2020 година навистина ќе бидат во функција многу реновирани и многу започнати нови објекти, не само во Скопје, туку и во другите градови во државата, рече министерот Филипче.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
