Филипче со честитка за Велигден: Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво

Претседателот на СДСМ Венко Филипче им го честита на сите православни верници денешниот голем христијански празник, Воскресение Христово - Велигден, истакнувајќи дека Велигден е симбол на спасението.
-Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања - празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците, вели Филипче во честитката.
Тој наведува дека победата на животот над смртта, што ја симболизира денешниот празник, е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.
-Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво - вредности што се патоказ за праведно и солидарно општество. Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани. Нека Велигден донесе добро здравје, душевен мир и благосостојба во секој дом. Христос Воскресна! Навистина Воскресна! За многу години Велигден!, истакнува Филипче во честитката по повод Велигден.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
