Филипче: Само десет проценти од новодијагностицираните со Ковид-19 се вакцинирани
Од вкупно 3497 пациенти дијагностицирани изминатите седум дена, 3047 се невакцинирани, односно само десет проценти се вакцинирани и се позитивни, а тие кои се во болница на лекување имаат прилично стабилна состојба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат бидејќи тоа е начинот на којшто ќе се постигне колективен имунитет и ќе може нормално да се живее.
Според него, бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани е посебно голем во градови каде што опфатот со вакцинација е околу дваесетина проценти. Тоа се Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево… Во Охрид, каде денеска тој имаше средба со директорите на Општата болница и ЦЈЗ, опфатот со вакцината е 50 проценти и има помалку од десет хоспитализирани пациенти.
Одговарајќи на новинарско прашање дали голем дел од новодијагностицираните се од забави во Охрид, министерот Филипче рече дека според анализа направена пред една недела, 40-тина проценти од новодијагностицираните изјавиле дека биле на некаква прослава.
Во однос на вакцинацијата, Филипче потенцираше дека таа добро се одвива во сите градови.
-Верувам дека опфатот ќе расте. Одличен е одѕивот после најавата за новите мерки кои стартуваат од 16 август. Околу 8.000 граѓани во просек на ден се јавуваат да примат прва доза на вакцина. Верувам дека ќе продолжиме со таа динамика и за прилично кратко разумно време ќе се зголеми опфатот со вакцинација, рече Филипче.
Во однос на вакцините, рече дека има сосем доволен број вакцини и најави донација од Република Бугарија на вакцината „Фајзер“.
– Она што е очигледно за сите држави е дека се инсистира на вакциција, рече Филипче, наведувајќи го вчерашниот пример на Канада каде што ќе биде задолжителна вакцинацијата на сите во јавниот сектор.
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
