-->
-->
Филипче: Предлагаме олабавување на мерките
-->

Согласно сите критериуми кои се исполнети како и состојбата во земјата која е оценета како стабилна Комисијата за заразни болести преку Министерството за здравство до владата ќе достави предлог за олабавување на рестриктивните мерки, кажа Филипче на денешната прес-конференција.
Предлог планот предвидува во оваа недела да се вратат во функција центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, организација на седници на органи за управување и конференции, авто школи и испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, и затворени трговски центри без угостителска дејност, како и центрите за рехабилилитација на слух и говор. Сите да се придржуваат до дистанца од 2 метри и да носат заштитна опрема за спроведување на сите активности.
После одреден период да се дозволи отворање на угостителски објекти со услуга, тренинзи ,отворање на теретани и хотелски објекти. Да се врати постепено животот во нормала со одредени протоколи за почитување и носење заштитна опрема во затворени објекти. Според мерките превземени од другите држави и СЗО, се подготви план според научни сознанија како да се справува со корона кризата. Се очекува понатамошна стабилизација на ширење на вирусот, а се смета дека целосно исчезнување е тешко да се очекува во скоро време. Согласно сегашната состојба ние во следните 2 месеци очекуваме најзначајно намалување на нови случаи од вирусот.
Ваквите епидемии траат од 8-12 недели а кај нас моментално е 11-тата недела, посочи Филипче. Тој не уверува дека може да бидеме спокојни бидејќи сите мерки дадоа резултат и оние кои што ќе се донесат за олабавување на мерките ќе донесат резултат. Почитувањето на мерките од граѓаните ќе помогне побрзо да се надмине оваа состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство
-
Во Струмица одбележан јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија