Филипче: Постигнавме многу за здравството, се помалку млади лекари сакаат да ја напуштат државата
СДСМ е секогаш со граѓаните, сакаме да ги слушнеме граѓаните што мислат, да ги вклучиме во носењето на одлуки и креирање политики и затоа, многу често некои решенија стигнуваат директно од граѓаните, така работевме и во Министерството во овие три и пол години, отворено, транспрарентно и инклузивно, порача потпретседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.
„Ги зголемивме платите на лекарите специјалисти, сега тие се дуплирани, а некаде се зголемени и за повеќе од 100 отсто. Се помалку млади лекари сакаат да ја напуштат државата, затоа што претходно младите специјализанти не добиваа ниту денар, а сега добиваат 30.000 денари месечно а ќе добијат и надоместок за дежурство. Реновиравме бројни болнички одделенија и операциони сали. И тука во Гостивар се реновираше хируршкото одделение, се реновира операционите сали, се набави нов апарат за рентген, а за нецели два месеци за првпат во историјата, болницата во Гостивар ќе добие апарат за магнетна резонанца“ порача Филипче.
Потпретседателот Филипче истакна дека СДСМ и во иднина останува со граѓаните, го слуша нивниот глас за заеднички да ги креира решенијата и тоа повторно ќе донесе резултат и за општините и за државата.
СДСМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени