Филипче: Од октомври влез во затворено со сертификат за две примени вакцини
Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во болниците има доволно слободни кревети за хоспитализација на заразени од корона вирус.
- Во некои градови се намалува бројот на пациенти. Во однос на новодијагностицираните во изминатите денови се бележи едно плато, односно ист бројот на новозаразени. Тешко е да се каже дали ова ќе продолжи. Се прави детална анализа во Институтот за јавно здравје која ќе биде индикатор за нови дополнителни мерки, рече Филипче.
Министерот за здравство Венко Филипче, кажа и дека во октомври ќе биде предложена мерка, односно дека ако сега влезот во сите угостителски објекти како и други институции е можен со една доза, од октовмри ќе се бара сертификат за целосна имунизација.
- Една од мерките што сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже потврда за примени две вакцини, односно тоа ќе прерасне во потврда за примени две дози вакцини или целосно вакцинирани лица, рече Филипче потенцирајќи дека тоа би било во месец октомври.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата