Филипче од Крушево: Сеќавањето на Илинден има вредност ако градиме подобра иднина

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крушево по повод 2 Август – Илинден порача дека вистинската почит кон илинденците се покажува преку градење подобра иднина, а не со останување заробени во минатото.
Во своето обраќање, Филипче им оддаде почит на хероите на Илинденското востание и на Крушевската Република, истакнувајќи дека нивната борба била за слобода, правда и право на македонскиот народ сам да ја одлучува својата иднина.
-Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република - на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија. Нивната жртва не беше за изолација. Не беше за страв. Не беше за поделби.Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина. Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат, рече Филипче.
Тој порача дека Македонија не смее да остане заробена во минатото и дека не смее да биде држава во која младите заминуваат, во која пензионерите едвај преживуваат, во која водата за пиење е опасна, а институциите служат на тесен круг луѓе.
-Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина. Затоа ние се бориме за Македонија во која владее правото, а не партискиот интерес. За Македонија во која има чиста вода, достоинствени плати и перспектива за младите- истакна претседателот на СДСМ.
Филипче порача дека визијата на СДСМ е Македонија да биде дел од европското семејство како слободна, демократска и просперитетна држава.
-Илинденците се бореа против тиранијата на своето време. Денес нашата борба е против корупцијата, против изолацијата и против лажниот патриотизам што ја држи државата во место. Ние се сеќаваме на минатото. Но ја избираме иднината. За многу години Илинден! Да живее Македонија - истакна Филипче, честитајќи им го на граѓаните празникот Илинден.
MИА
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
