Филипче: Од 868 тестови 67 новозаразени
Се уште не е позната сликата за корона вирусот низ градовите во нашата земја, но позната е бројката на заболените на државно ниво, рече Филипче.
Во изминатото деноноќие од вкупно 868 тестови, 67 тестови се позитивни, деталната статистика по градови ќе биде објавена за неколку часа.
Оздравени пациенти има 25 и еден починат.
На Инфективна клиника во Скопје има вкупно хоспитализирани 40 пациенти, нема пациент на механичка вентилација, а на кислородна поддршка има вкупно 16.
Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 27 пациенти, од кои на респираторна машина се 6.
Хоспитализирани пациенти во Битола има 7, во Штип 14, во инфективните одделенија Охрид, Велес, Куманово и Прилеп вкупно 27 пациенти се позитивни на корона вирусот.
Во исчекување сме на деталната статистика по градови, која ќе биде објавена за неколку часови како што најави Филипче.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
