Филипче: Не станува збор за приватизација на итната помош, тоа е политички спин
Министерот за здравстви д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите вели дека не станува збор за приватизација на брза помош, туку политики спин.
-Не станува збор за приватизирање на брзата помош, тоа е политички спин. Зошто? Затоа што во законот сега јасно пишува дека итната медицинска помош може да ја врши само јавно-здравствена установа, а фактичката ситуација на терен е дека итната медицинска и стоматолошка помош ја прават и приватни установи. „Неуромедика“ има брза помош. „Жан Митрев Клиник“ има транспорт, „Никоб“ почнува сега. Ние само го озаконуваме тоа што фактички на терен се случува. Приватниот транспорт кој сега граѓанинот го повикува, го плаќа од сопствен џеб и така ќе продолжи тоа. Фондот за здравство нема да ги преземе тие обврски. Граѓаните нема да имаат никаков трошок кој досега го немале. Ние сега го ставаме во закон, она што со години наназад на терен се случува. Каде е тука приватизацијата?, изјави за „Слободен печат“ министерот за здравство Венко Филипче.
-Што да направам сега јас што Неуромедика има итна медицинска помош, да ги затворам? Утре ако некоја приватна итна помош направи сообраќајна незгода, кој ќе одговара за тоа, кога не се законски регулирани, додаде Филипче.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска