Филипче: Не очекувам италијанско сценарио, oбезбедуваме болнички услови за секој пациент
Италијанско сценарио како фраза се користеше тогаш и се уште се користи за тоа што се случуваше на почетокот на минатата година во Италија кога не можеше да се обезбеди болничко лекување за пациентите бидејќи болниците беа преоптоварени. Мислам дека и претходно, но и сега вакво сценарио не се случи во нашата држава. Обезбедуваме место за болничко лекување, место што значи централен довод на кислород и соодветна форма на терапија, одговори министерот за здравство, Венко Филипче на новинарското прашање дали во моментов во државата се случува италијанско сценарио.
-Со брза распределба, ротација и координација што ја имаме со директорите на болниците, обезбедуваме болничко лекување за секој пациент. Во текот на вчерашниот ден имаше намалување на бројките, а денеска се очекува и бројот на позитивни лица да биде помал, изјави Филипче.
Тој изјави дека во однос на вакцинацијата имаат во план да пристапат и кон лицата од посебни категории, односно лицата кои се без здравствено осигурување, бездомни лица или лица без државјанство. Филипче додаде дека во изминатиот период обезбедено е болничко лекување и за лицата кои немаат здравствено осигурување, без плаќање партиципација.
Министерот за здравство посочи дека потребно е да се вакцинираат што поголем број граѓани и дефинитивно сите ќе бидат опфатени во процесот на вакцинација без разлика на статусот.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура
-
Приведена сопругата на д-р Шаини, напаѓачот е во бегство
-
Тема на денот со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП
-
Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат
-
Максимални три години затвор за тројцата обвинети за Вардариште
-
Претставници на „Стоп Вардариште“ на средба со институциите во МВР
-
Хорор во два дома за стари лица: Им давале храна со поминат рок, погрешни лекови, ги терале да спијат по двајца