Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб
Ние сметаме дека државниот грб сосема соодветно, прво хералдиски ги отсликува сите карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и придобивките од Народноослободителната и антифашистичка војна. Нема никаква поделба во однос на етнички групи и доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче.
Прашан како е ставот на СДСМ за промена на државниот грб, Филипче денеска одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во седиштето на партијата, рече дека ова е уште еден од низата ненајавени и испланирани предлози на ВМРО-ДПМНЕ, што се повторува од претходно.
- Тоа е еден предлог што сега се повторува. Да потсетам дека тој предлог беше на маса пред повеќе години за време на минатата влада, кога беа во коалиција заедно со ДУИ. Тогаш беше дел од еден пакет на мерки што требаше да се донесе. Конкретно сметам дека првата дилема што се поставува е дали можеби внатре во коалицијата со ВЛЕН, давајќи го овој предлог за измена на државниот грб, не се разговара и за измена на химната. И тоа е нешто на што ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори, рече Филипче.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб.
- Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации, рече Мицкоски.
Премиерот потсети дека договор за менување на државниот грб имало и меѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ кога тие во истата влада.
Ново на Сител
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко