Филипче на форум во Подгорица потпиша писмо за намери за важноста на имунизацијата
На дводневниот министерски форум на земјите од Југоисточна Европа во Подгорица, на кој учествува министерот за здравство Венко Филипче, денеска беше потпишано писмо за намери со кое се потенцира важноста на имунизацијата, како приоритет на земјите-членки од ЈИЕ и претставува значајна здравствена, социјална и економска вредност.
Од Министерството за здравство соопштија, дека писмото за намери го потпишале 12 земји-членки од ЈИЕ, меѓу кои Македонија, Бугарија, Хрватска, Малта, Босна, Србија и други, каде се потенцира дека процесот на имунизација е интегрален дел од добриот и функционален здравствен систем и е во согласност со Акцискиот план за вакцини во Европа 2015-2020, како и Програмата на СЗО 2020.
Согласно Акцискиот план, се вели во соопштението, приоритетни области во кои ќе се делува со повеќе предлог-активности, кои ќе бидат насочени кон набавка на квалитетни вакцини, ефикасна контрола врз процесот на имунизација, пристапност до вакцините, посебно за мигранти и малцинства и континуирана промоција на бенефитите од вакцинацијата.
Во рамки на фoрумот, министерот Филипче, вчера, оствари работни средби со д-р Сузана Јакаб, регионален директор на СЗО за Европа, како и со министерот за здравство на Црна Гора, Кенан Храповиќ.
Ново на Сител
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп
-
Села бара "балансер" во МАНУ
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски
-
Парното по стара цена, за струјата се прават анализи
-
Познатиот кардиологот Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”
-
Со дигитализација против корупција – Македонија не држи европскиот чекор со дигитализацијата
-
Мицкоски: Правичната застапеност ќе го гарантира и бадентерот и правото сите да добијат вработување