Македонија
16. October 2024 - 19:55

Познатиот кардиологот Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”

Кон кардиолошкиот тим во болницата „Аџибадем Систина“ се приклучи еминентниот интервентен кардиолог д-р Игор Балевски, кој 25 години работи во Универзитетскиот клинички центар во Марибор.

Од болницата информираат дека со неговото искуство ќе придонесе во зајакнување на кардиолошкиот оддел со воведување на нови интервенции за пациентите, но и едукации на колегите во Словенија.