Филипче: Може да очекуваме пратката со 500 илјади вакцини од „Синовак“ да стигне во следните седум дена
Стигна информација од претставниците на „Синовак“ дека може да очекуваме пратката со 500 илјади нивни вакцини да стигне во следните седум дена во нашата земја. Оставам резерва, гледаме со што се соочуваме, меѓутоа верувам дека ова ќе се оствари, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Уште една добра информација е, посочи министерот, дека тоа што е одделено како количина за нашата земја се наоѓа во претходно пакувани шприцови така како што беше првата количина на вакцината „Синофарм“, а тоа го олеснува начинот на давање.
Тој рече дека ги уфрлиле во системот 10-те илјади вакцини на „Фајзер“ кои стигнаа во понеделникот, меѓутоа очекуваат значајно забрзување на процесот на вакцинација кога ќе стигнат и вакцините од „Синовак“.
Во врска со вакцините „Спутник В“, Филипче посочи дека според кажувањата на амбасадорот на Русија, може да се очекува нивно доцнење.
– Практично сме во секојдневна комуникација, ни дава информации што и како може да се очекува, меѓутоа мислам дека е прилично искрен во тој дел. Со лични контакти и заложби направи многу кратко време да чекаме од нарачка да стигне првата количина која стигна во земјава. Беше малку меѓутоа стигнаа и ние тој процес тогаш го продолживме со здравствените работници, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираните хируршки сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.
Тој додаде дека кога ќе се исцрпат сите граѓани од списокот на пријавени веројатно пунктовите за вакцинација ќе работат и без закажување.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?
-
Србија е единствениот кандидат за ЕУ што не ги почитува новите одлуки поврзани со Украина и Северна Кореја