Филипче: Комбинираната терапија не се дава на сите пациенти, може да предизвика промени во ритамот на срцето

Двајца пациенти со коронавирус на Клиниката за инфективни болести се ставени на комбинирана терапија со лековите хидроклор и азитромицин, познат како сумамед, што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји. Оваа терапија не се дава на сите пациенти, потребно е претходно да се направи кардиолошка анализа (ЕКГ). Значи ако има и најмала промена во ЕКГ-то тогаш оваа терапија е контраиндицирана.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата. Тој апелираше граѓаните да не купуваат на своја рака и да се обидуваат да ги најдат лековите, затоа што таа терапија може да се даде според точна индикација на лекар специјалист.
– Дури и сите дијагностицирани пациенти, дури и со средна и тешка клиничка слика не се погодни за оваа терапија која не е влезена во препораките на самите лекови производителите и упатствата, но се тестира и даваат, бидејќи дале добри резултати кај група пациенти за пет до седум денови, но после детални кардиолошки испитувања. Ако има мали остапувања во ЕКГ-то, кое се гледа при изведување на електрокардиографското испитување на срцето лекот не се дава. Може да предизвика промени во ритамот на срцето и тоа да даде дополнителни компликации. Апелирам луѓето да не помислат да земаат сами ваква терпија, а уште помалку тоа да биде некаква форма на превенција, нагласи Филипче.
Потенцира дека денеска ќе завршат кардиолошките прегледи на сите пациенти кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести после што ќе се утврди на која група пациенти ќе се даде терапијата.
– Истовремено се прави план како тоа да се направи и на лицата кои се на домашно лекување. Таа терапија ќе се дава во болнички услови. Значи нема да им се препишува и да ја примаат дома за што организираме систем на транспорт, додаде Филипче.
Ново на Сител
-

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука
-

Потврден притворот на директорот и управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје, Кривичниот совет ги одбил жалбите
-

Тепачка на пензионери - две лица на 70 и 62-годишна возраст физички се пресметале во казино во Аеродром
-

Нови собири пред Собранието на Србија: Студенти со шатори заминуваат за Белград за да ја поддржат Хрка
-

Тепачка по расправија во сообраќајот - тетовец им се заканувал со нож на полицајци
-

18-годишна девојка од Карпош го пријавила својот татко за физички напад
-

На ГП Долно Блаце приведен Мароканец кој илегално влегол во државава
-

Тешко повреден 23-годишен возач откако со „ауди“ излетал од патот
