Филипче: Имаме тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19
Денеска имаме повторно еден тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Бројот на новодијагностицирани е околу 1000, што потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и тоа еден добар податок. Тоа значи дека мерките во рамките на предвидувањата ги даваат своите резултати, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека притисокот во болниците е се уште голем со оглед на тоа што се уште има голема бројка на дијагностицирани.
– Во сите јавно-здравствени установи согласно распоредите и прераспределбата на пациенти има слободни болнички кревети и во Скопје на Интерните клиники и во ковид – центарот во Заводот за рехаблитација во Козле, како и во другите градови. Се прави прераспределба на пациенти од другите градови ако треба. Во овој момент се преоптоварени болниците во Куманово и во Битола и тоа на дневно ниво го менаџираме, рече Филипче.
Тој потенцира дека добро се одвива вакцинацијата и заклучно со вчерашниот ден близу 30 000 граѓани се вакцинирани.
Ново на Сител
-
Македонија увезува работници, македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот