Филипче: Допрва ќе разговараме и ќе видиме дали ќе има нови мерки за празниците
– За претстојните верски празници допрва ќе разговараме и ќе видиме дали Комисијата за заразни болести ќе препорача нови мерки, изјави министерот за здравство Венко Филипче по денешната посета на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.
Според министерот Филипче, за време на минатогодишните празници имало построги мерки, но суштината е во почитувањето на веќе важечките мерки.
-Ние имаме балансирани мерки, а споредувавме резултати од некои земји кои имаа построги мерки, но и покрај тоа се соочија со силен бран. Така на пример во земји од Средна Европа иако не работеа ни ресторани, ни продавници, огромен број на пациенти имаше што значи вирусот не ги поштедува ни тие земји понатаму. Оние земји кои воведоа полициски час и карантини поостроги од нашите, откако се појави бранот повторно не дадоа резултати, а таму има препораки доколку се почитуваат нема да има проблем. Овие балансирани мерки се една умерена рестрикција , комбинирани со индивидуалната одговорност, истакна Филипче.
На средба со новинарите во Битола, министерот потсети дека модуларната болница во тој град е најголема во државата и може да биде во функција во секој момент.
-Се соочуваме со пикот на досега најсилниот бран, на голем број пациенти им е потребна соодветна здравствена заштита за што имаме целосна консултација и координација со директорите на сите болници во државата. Има доволен број на болнички кревети и секој пациент ќе ја добие соодветната здравствена заштита, потврди Филипче. Додаде дека очекува српските здравствени валсти да го испратат електронски списокот за сите граѓани кои изминатиов период се вакцинирале во Србија, а со втората доза да се вакцинираат во нашата земја.
ЈЗУ Клиничка болницата-Битола има два пункта во ковид-центарот, и во моментов има уште 30 слободни кревети.
Ново на Сител
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
