Филипче: Денеска бројот на новозаболени од Ковид-19 е под 1.000
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска има нешто помалку случаи со болни со КОВИД-19 за разлика од претходните денови. – Бројката на новодијагностицирани денеска е под 1000. И тоа што очекуваме во следниот период во таа насока да оди ситуацијата, односно да има стабилизирање, односно полицискиот час што беше воведен пред една недела, десетина дена да ги даде резултатите, изјави Филипче.
Oд почетокот на оваа недела имаше забрзано полнење на болничките капацитети, пред се, на интерните клиники со цел, како што речe, да се обезбеди доволно простор оној дел на хируршките клиники кој за време на кризата во претходниот бран, во ноември, никогаш не се пополни, го ставивме во функција.
-Но, сега и на интерните клиники има сосема доволно празни болнички кревети така како што беше во пикот во бранот во ноември. Сакајќи да обезбедиме и дополнителен простор целосно опремен за да може да се третираат пациенти со КОВИД-19, уште едно одделение, тоа е за пластична хириргија и уште едно на призмејето, тоа се одделенија на хириргија кои имаат посебни влезови и не ги контамнираат оние заеднички простории на хируршките клиники и лифтовите, практично сега се слободни и на располагање за сместување за ковид-пациенти и потенцијално најгорниот кат на Клиниката за кардиологија. Тоа се вкупно дополнителни, од оној максимум за време на вториот бран во ноември, 100 кревети повеќе за третман на овие пациенти, појасни Филипче.
Ова , како што нагласи, го правиме за сигурност, ова го правиме за да обезбедиме секој пациент доколку има потреба биде сместен.
-Спремни сме да препорачаме и дополнителни рестрикции, но во секојдневна консултација и со тимот што ги координира приемите во болничките капацитети, секако и членовите на Комисијата за заразни болести, засега сметаме дека дополнителни рестрикции не се потребни, изјави Филипче.
Прашан за тоа дека голем број здравствени работници се во изолација или се позитивни и дека немаат право на годишен одмор, Филипче изјави дека е точно, препораката е да не се користат годишните одмори, а здравствените работници, како што рече, навистина се свесни и многу совесни во својата работа.
-Практично барање за годишен одмор или за одмор и да нема. Тоа значи дека сите целосно се посветени на третман на овие пациенти. Вработените на одделенијата кои сега се пренаменуваат потенцијално да бидат ковид-центри, оние кои веќе функционираат по системот на ротација, сите се свесни и навистина херојски ја извршуваат оваа задача, деноноќно и посветени на работата со пациентите.Таму каде што недостасува кадар се надополнува од други јавно здравствени институции и верувам дека и овој бран од оваа здравствена криза добро и успешно ќе се изменаџира, појасни Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање зошто се пренаменуваат 100 кревети на клиники и се одложуваат операции, кога веќе има готов простор кај приватните капацитети, Филипче изјави дека тука е многу полесно да се организира работата и додаде оти тука е експертизата, под контрола на лекарите пулмолози. Посочи дека тука веќе е воспоставен системот на ротација, има комуникација во делот на префрлање на пациентите, согласно тежината. Додаде дека во секој дел има одговорни и пулмолог и анестезиолог, по потреба.
-Хроничниот програм ќе биде одложен само за две недели, а потоа пак уште еднаш ќе носиме одлука. Врз основа на тоа дали прво воопшто и ако да, со каква динамика ќе се пополнуваат овие болнички капацитети. Битно е да се каже дека се спрема здарвстевениот систем исто така како што беше претходно, сега уште еден чекор напред со цел да се обезбеди доколку треба место буквално за секој пациент, рече Филипче.
Ново на Сител
-
На новогодишната ноќ стабилно, суво и студено време
-
Приведен криминалец од Грчец баран со потерница
-
ЈСП Скопје: Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот
-
Дојран се полни за новогодишните и божиќните празници
-
За една недела санкционирани 142 непрописно паркирани возила во Општина Центар
-
Таравари: Има буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, конкурсите од стартот на новата година
-
АХВ: Контроли во месарниците, уништени 620 килограми небезбедно месо
-
Предложени притворски и други мерки за осомничените за криумчарење луксузни автомобили