Филипче: Да се однесуваме одговорно и без паника со што ќе го заштитиме здравствениот систем

Граѓаните да применуваат примарно телефонска и електронска комуникација со здравствените установи, освен при неодложна здравствена потреба и да се почитуваат стручните препораки од матичните лекари за зачувување на здравјето и за правилно лекување, апелира министерот за здравство Венко Филипче.
Не купувајте лекови непотребно, односно не правете непотребни залихи на лекови во вашите домови, посочува Филипче и додава дека лекови на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување има во доволни количини, во промет одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства.
– Да се однесуваме сите одговорно и без паника со што ќе го заштитиме нашиот здравствен систем, а со тоа и сите нас како граѓани на Република Северна Македонија, истакнува Филипче на својот ФБ профил.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Божиќ - Празник на Христовото раѓање
-

Балканскиот Ерусалим исполнет со верници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
