Филипче: Да не дозволиме да се преполнат болниците - системот не може без граѓаните, сите сме важни во овој процес
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција изјави дека иако во моментов вкупниот капацитет на болниците е во сосема добра состојба, еден од најголемите ризици беше и останува секако притисокот врз нашиот здравствениот систем.
„Свесни дека повеќе од сигурно ќе се соочиме со есенски бран, ние уште од почетокот на летото, го подготвуваме здравствениот систем. Ги зголемуваме капацитетите на болниците, функционира системот на ротација на лекари и медицински сестри но, системот не може без граѓаните и нивната поддршка. Сите се важни во овој процес. Да ги почитуваме мерките, да не дозволиме да се преполнат болниците. Непочитувањето на мерките ќе значи оптеретени и изморени здравствени работници кои, заради големиот број на пациенти, нема да можат да дадат соодветната нега и грижа. Да ги почитуваме мерките бидејќи тоа истовремено значи почит и за здравствените работници. Секој од нас мора да ја разбере сериозноста на она што ни претстои. Мора да разбере дека непочитувањето на мерките ќе не одведе кон нови рестрикции кои секако никој од нас не ги посакува. Може да не одведе кон критична состојба во болниците, кон нова неизвесност на секое поле“, потенцираше министерот Филипче.
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници
-
Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка
-
Заедничка балканска промоција
-
Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера