Филипче: Бројот на заразени со Ковид-19 во Скопје е во континуиран пад, но има нови случаи во неколку градови
Бројот на заразени со Ковид-19 во Скопје е во континуиран пад, но имаме нови случаи во околината на Тетово, во околината на Гостивар, Штип, Ресен и Битола. Тоа се уште ја одржува бројката на заразени нешто повисоко. Факторот на преносливост заклучно со вчерашниот ден, заклучно со викендот кога ги правивме последните анализи е под 1 и многу е битно така да остане. Апсолутно сите случаи се резултат на непочитување на мерките.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека мора сите да сфатат дека само со почитување на мерките ќе се извлечеме од оваа криза. Посочи дека слична е ситуацијата и во регионот каде бројот на случаи е во пораст.
– Така е секаде каде се попуштаат рестриктивните мерки, а не се почитуваат превентивните мерки. Граѓаните мора да сфатат дека маските мора да се носат и само така за пократрко време ќе се спречи трансмисијата на вирусот. Анализирајќи ги општините, градовите, препорачуваме и посебни мерки. Затворање на повеќе конфекции во Штип сериозно влијаеше на намалувањето на факторот на преносливот, затворањето на неколкл фабрики во Ресен исто така. Веројатно ќе беше бројот на заболени мнигу повисок ако не се изреагираше на тој начин, потенцира Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на болницата во Козле.
На прашање колку луѓе може да зарази еден граѓанин со Ковид рече дека тоа зависи од повеќе фактори, прво дали е во рана фаза, од бројот на контакти. што ги има во еден ден и бројот на денови кои ги има со истите тие контакти.
– Некогаш кратка средба на дистанца не претставѕва никаков ризик посебно ако се носат заштитните маски, но секојдневна комуникација повеќе од четири пет дена без дистанца, без маска со еден ист контакт значи висок ризик за трансфер на вирусот, нагласи Филипче.
Во врска со тоа дали на излекувани пациенти им се вратила болеста, истакна дека има еден случај кој треба да се потврди во Куманово.
– Во светот има такви потврдени случаи. На што се должи тоа сега во овој момент науката се уште не одговорила со сигурност. Има некои иницијални докази дека станува збор за некаква форма на мутација на вирусот, каква е таа форма, дали е силна или послабо изрезена се уште немаме доказ. Но, дефинитивно има потврда за појава на рецидив на болеста, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
Ново на Сител
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл