Филипче: Болниците во фаза на мобилизација, ниту еден пациент не бил и нема да биде вратен
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ако евентуално мерките не даваат резултати се размислува за целосно затворање на угостителските објекти неколку часови порано од тоа што е сега или целосно затворање на објектите каде што се одржуваат културни настани.
-Тоа се дел од мерките на коишто размислуваме. Не станува збор за бројката на детектирани случаи, станува збор за тоа на што најмногу се посветуваме, капацитетите на болниците. Со која динамика се исполнуваат болничките капацитети, дали може да се постигне лекарите, медицинските сестри коишто даваат здравствена услуга во скопските клиники болници и во болниците во државата. Тоа е нешто што ние го следиме со која динамика се исполнува, рече Филипче.
-Можно е да има подолго чекање ако има гужва на пациентите затоа ние оспособуваме сега екстра болнички капацитети и во клиничкиот центар и во болницата „8 Септември“ и ширум сите во градовите ширум земјата, во сите инфективни и интернистички одделенија. Практично целите болници се сега во фаза на мобилизација и ги лечат ковид пациентите. Се сместуваат се повеќе и на други одделенија заради тоа што инфективните се веќе преполнети. Значи ниту еден пациент не бил вратен од болница ако навистина им индикација за болничко лекување, изјави Филипче.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе