Филипче без конкретен одговор дали преферира онлајн или настава со физичко присуство
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција не одговори конкретно на прашањето дали преферира неговото дете да учи онлајн или со физичко присуство.
Тој изјави дека сите ние го посакуваме најдоброто за нашите деца а заштитата на здравјето е приоритет сега.
-Конкретно моето дете е во погорните одделениа, 9 одделение, и треба да следи онлајн настава, но јас лично ги почитувам сите препораки. Тогаш кога ќе се створат услови за физичко присуство во училиштето така и ќе оди. Морам да кажам дека има се поголем број деца на таа возраст кои за време на дружбите користат заштитни маски што е за поздравување и ги охрабрувам и другите родители на тоа да укажуваат, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Александар Динев
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло