Филипче: Амбулантно возило и целосно реновирање на дел од штипскиот здравствен дом
Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска ги посети Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Штип, каде оствари средба со менаџерскиот тим на установите и вработените во овие јавно-здравствени установи.
На средбата, тие разговараа за состојбата и справувањето од ковид-19 вирусот, како и за тековните активности кои се одвиваат во овие установи.
Во изјава за медиумите, министерот Филипче потенцираше дека во Здравствениот дом во Штип следува целосно рановирање на ходниците и тоалетите, а реконструкцијата треба да почне за две недели. Тој, исто така најави дека овој здравствен дом ќе добие возило за Итната медицинска помош и посебна специјална опрема за возилата.
Преку проектот на Светска банка, од следната година ќе бидат реновирани сите вакцинални пунктови во државата.
Министерот Филипче информираше дека има сосем доволна количина на тестови за коронавирус и близу 100 тестирања се прават на дневно ниво. Системот на координација функционира добро и пунктовите за тестирање работат во две смени.
Во однос на Службата за итна медицинска помош во Штип, капацитетите значајно се зголемија. Повеќе од 20тина доктори и медицински сестри беа примени на работа.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
