Филипче: 28 годишна Македонка на болничко лекување по вакцинација со Астра Зенека во Србија
Денеска започна вакцинацијата на постарите граѓани. Во најголем број од градовите започна денеска, во помалите ќе започне до петок, изјави министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека во Македонија е регистриран првиот случај на тромботичен ефект по вакцинирањето со вакцината на АстраЗенека.
„Целокупниот процес се одвива добро, нема некакви проблеми. 20 илјади вакцини веќе се поделени, ќе ја примат нешто под 20 илјади граѓани кои изразија волја да ја примат вакцината.
Информациите за АстраЗенека како став на Германија и Канада со оглед на тоа што имаше некои пријавени случаи на тромбоза, ние одлучивме да бидеме внимателни и да одиме полека но сигурно, ќе чекаме дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна. Сакаме да бидеме претпазливи, имаме закажани состаноци со Комисијата за безбедност и директно до германското Министерство за здравство.
Станува збор за тромботична реакција од АстраЗенека кај помлади луѓе, после што се ствараат згрутчоци на крвта. Станува збор за мал број случаи, но иако се ретки сакаме да бидеме многу претпазливи.
Имајќи предвид дека еден дел од граѓаните се вакцинираше во Србија, засега нема никакви препораки дека нешто превенбивно треба да се прави, сепак станува збор за многу ретки случаи.
Сите граѓани кои што се вакцинирани ќе бидат ревакцинирани.
Ќе продолжиме со вакцинацијата, ќе започнеме со оние други категории на граѓани тогаш кога ќе бидеме сигурни дека вакцината со оваа вакцина е безбедна.
Кај нас има регистриран досега еден случај на девојка која што има 28 години и од вчера е на болничко лекување кој што се поврзува со вакцината АстраЗенека. Некаде 6-7 дена после вакцинацијата во Србија.
Ќе бидеме внимателни, искрено верувам дека ќе се потврди дека бенефитот од вакцината е поголем, од ризиокот да се доби компликација. Нема да избрзаме, ги чекаме сите препораки од официјалните институции“, кажа Филипче.
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога