Филип Стојаноски го фати светиот крст во Прилеп
Дваесет и тригодишниот Филип Стојаноски го фати светиот крст од водите на базенот при хотелот „Сонце“ Прилеп.
Стојаноски беше најсреќен од 80-те учесници при положувањето на крстот на Богојавление-Водици, меѓу кои беа и пет девојки, а учесниците на возраст од 11 до 35 години. Стојаноски четврти пат учествува, но првпат годинава стигна до светиот крст.
- Многу сум среќен и на сите им го честитам големиот празник. Учествувам четири пати и прв пат го фатив крстот. Очекувам дека среќата ќе ме следи цела година, мене и моето семејство, рече среќниот Стојаноски.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески во име на локалната самоуправа на најсреќниот прилепчанец му даде златен крст и други подароци.
- Традицијата е длабоко вкоренета во опстојувањето на нашиот народ, во неговата вера и овој голем празник и годинава го славиме достојно, особено што имаше и огромен број учесници, рече Ристески, посакувајќи им среќа и здравје и на среќниот Филип Стојаноски и на сите учесници.
Во хотелот „Сонце“ беше промовира книгата „Света Петка“ од прилепчанката Наде Караџоска, која низ фотографии и текст го следи градењето на црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила низ сите седум години, колку што траеше изградбата.
Ново на Сител
-
Прилепчанец возел со 1,80 промили алкохол во крвта и со активна забрана за управување возило
-
Приведен возач кој удри 87-годишен пешак во Скопје
-
Реафирмирани ставовите за деблокада на евроинтеграцискиот процес
-
Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск
-
Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск
-
Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина