-->
-->
Филип Стојаноски е најсреќниот прилепчанец кој го фати светиот крст
-->
– Дваесет и шестгодишниот Филип Стојаноски е најсреќниот прилепчанец, кој го фати светиот крст денеска на Богојавление – Водици од осветените води на базенот при Аквапаркот на хотелот „Салида“.
Филип е среќен и вели дека осум пати учествувал, а вторпат е најбрз и го фаќа светиот крст.
– Многу сум среќен и на сите им посакувам здравје и благосостојба. Ова година се надевам дека ќе ме следи среќата. Осум пати учествувам, а пред четири години првпат го фатив светиот крст. Ми донесе здравје, среќа, вработување, работам во Армијата. На сите православни христијани им го честитам Богојавение – Водици. Се надевам дека и годинава ќе ме следи среќата, па и можеби да се оженам, среќно изјави Стојаноски.
Годинава се пријавија 110 прилепчани, од кои шест девојки. Помеѓу пријавените кои сакаа да стигнат до светиот крст најмладиот има 10, а највозрасниот 50 години. Помеѓу шестете девојки е и Билјана Јандреска Андоноска, мајка на двегодишно дете. Ова и е третпат што учествува, а вели поводот е за здравје и спасение.
– Секогаш се надевам дека еднаш ќе го фатам светиот крст. Мотивот е за здравје и спасение, бидејќи самото влегување во светите води носи здравје и досега никој не се разболел и покрај студеното време. И токму затоа мислам дека е најбитното да се влезе во осветените води, вели Јандреска Андоноска.
Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски посака здравје и среќа и од името на локалната самоуправа на Стојаноски му подари златен крст.
– Посакувам здравје и среќа да го следат Филип Стојаноски, а на сите прилепчани здравје, разбирање и да имаат благосостојба целата година, рече Јованоски.
Најсреќниот прилепчанец, Филип Стојаноски ќе добие и други подароци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка